Четири големи банки ќе платат глоба во износ од 2,5 милијарди долари, и ќе се прогласат за виновни за манипулирање со глобалниот девизен пазар од 2007 година, според спогодбата постигната со Министерството за правда на САД.
најголеми банки во светот се обвинети за вршење криминални активности, во рамки на спогодбата со американските и британские власти, а обвиненијата и казните ќе бидат поради манипулации со монетарните пазари.
Станува збор за американските банки „Ситигруп“ и „Џеј Пи Морган“ и британските „Барклис“ и „Ројал банк оф Скотланд“ (РБС) да бидат прогласени за виновни по обвинението за криминални дела, поврзани со манипулации на вонберзанскиот меѓународен монетарен пазар (Форекс).
Швајцарската банка Ју-Би-Ес се очекува да ги избегне криминалните обвиненија, откако доби имунитетот, предупредувајќи го властите за евентуалниот проблем. Но, банката може да биде обвинета за криминална дејност, односно манипулации на просечната каматна стапка, која ги одредува каматите, според кои банките нудат негарантирани заеми на лондонскиот меѓубанкарски пазар (Либор).
Швајцарската банка ќе треба да плати казна од 200 милиони долари според договорот со американското Министерство за правда.
Дилерите со странски валути наводно споделувале информации со клиентите преку виртуелни простории за разговор и ги користеле тие информации за да се направи профит. Овие криминални активности се случувале во периодот од декември 2007 до јануари 2013 година, се наведува во спогодбата.
Американскиот јавен обвинител Лорета Линч изјави дека речиси секој ден во период од пет години, од 2007 година, трговците со девизи користеле приватни чет канали со цел да се манипулира со девизниот курс. Со нивните постапки се оштетени голем број на клиенти, инвеститори и институции низ целиот свет, рече таа.