5 охридски семејства ќе останат на улица: Ги бркаат од становите што уредно си ги купиле!


Сопственици на пет стана во зграда на АДГ „Трудбеник“ во охридската населба „Расадник“ се соочуваат со опасност да бидат истерани на улица, поради нерасчистени должничко-доверителски односи на претпријатето што ги градело становите и АД за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија (ЈПССДП).

ohrid (2)Поради долг од околу седум милиони денари што „Трудбеник“ го има кон Акционерското друштво, судски извршител ангажиран од оштетената страна, согласно законски овластувањата презеде активности за проценка и заплена на петте станови. Но, станува збор за станови што се приватна сопственост, со уредна документација за купопродажба и што се во владение на сопствениците повеќе од четири години.

Единствена забелешка кај сопствениците на становите е што поради различни причини не извадиле имотни листови. Ним им било забрането да извадат имеотен лист со образложение дека становите се на листа на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор за присилна наплата на долг што кон претпријатието го има АДГ „Трудбеник“.

Ангажираниот судски извршител со налог отпочнал попишување на становите, истовремено заканувајќи им се на сопствениците со можно иселување и заплена, без притоа да направи проверка дали предметните станови се оптеретени, односно дека повеќе не се сопственост на „Трудбеник“.

Оштетените сопственици на становите таквата постапка ја обжалија пред надлежниот Основен суд во Охрид, кој согласно документите за купопродажба ја прифати жалбата и издаде привремена мерка со која се забрануваат бил какви активности од страна на извршителот се до завршување на судскиот процес. Спротивно на судската забрана, извршителот вчера спровел дејствија за попис на станови со насилно провалување, обивање и менување на брави, за што е пријавен во полиција како извршител на кривично дело.

Сопствениците на становите сега се доведени во ситуација да се изложуваат на дополнителни судски трошоци, по судски пат да ја докажуваат неспорната сопственост, за која поседуваат уредни документи. Тие веќе неколку месеци се во неизвесност, стравувајќи за својот имот.

Сопственикот на АДГ „Трудбеник“ Ацо Спироски ја признава неспорната сопственост на становите на приватните лица, со забелешка дека презема активности за да ги уреди односите со Јавното претпријатие за стоапнисување со станбен и деловен простор, но со забелешка на нестручноста на судскиот извршител кој противправно презел активности, како по однос на изборот на имотот за заплена, така и по однос на судската забрана што е на сила до расчистувањето на случајот.

Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов рече дека тие како државна агенција водат судски процеси за наплата на долг против 800 правни и физички субјекти и институции, што впрочем е и нивна обврска да постапуваат во интерес на државата, како што е и во односниот случај. За начинот на кој овластениот судски извршител ги спровел активностите за овој предмет Грозданов вели дека тоа не е во нивна надлежност.

Сопствениците на становите имаат забелешка на начинот на кој се избрани токму тие пет стана за заплена кога, барем како што тврди „Трудбеник“, тие се приватна сопственост и постои друг имот за евентуална заплена. Воедно им забележуваат и на институциите на државата која иако ги поседува сите механизми и инструменти за наплата тоа го прави преку нивна, приватна сопственост поткрепена со целосна купопродажна документација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1