Снег на Шапка и Стража – возете внимателно


sneg zaveana makedonijaСообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.Слаби врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка и Стража но не претставуваат никаков проблем за одвивање на сообраќајот.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1