Во Тирана на мала врата формирана „Голема Албанија“. Под овој наслов Б92 пишува за нововормираната “Унија на албански општини” во регионот во која влегуваат Тирана, Приштина, Тетово, Улцињ и Прешево.
Како што пренесуваат неколку медиуми договорот за соработка го потпишале градоначалниците на петте градови по повод обележувањето на независноста на Албанија и Денот на албанското знаме.
Според експертската јавност ова ја отвора пандорината кутија и значи почеток на планот за кој се залага Зоран Заев, двојазичност и кантонизација во Македонија.
-Знаете како, и најголемите диктатори во светот тргнале со ситни чекори ситни идеи. Они срамежливо сега во нивната изборна програма предвидуваат децентрализација со самото тоа ја вреѓаат интелегенцијата на Македонците и не вреѓаат нас секојдневно дека сме небањати, со грди лица и дека не ја разбираме политиката и позадината на она кое не само што го кажуваат туку нивниот лидер на сите нивни собири и телевизиски настапи поготово ако се работи за настап на албанска телевизија или албански електорат, без задршка го говори а тоа е дека тие луѓе замислуваат држава која ќе биде бинационална, двојазична и ќе биде поделена изјави Александар Пандов, политички аналитичар.
Лидерот на опозицијата Зоран Заев, пред неколку недели во Швајцарија најави дека треба да се надгради Рамковниот договор и да се отвори прашањето за воведување на двојазичност и кантонизацијата во државата по урнекот на Швајцарија.
-Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21- век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ.
Од ВМРО ДПМНЕ посочија дека плановите на Заев се влезени и во нивната предизборна програма.
-СДСМ предвидува реорганизација на локалната самоуправа или како што самите наведуваат на страна 164, цитирам: „Ќе воведеме политипни општини со различни надлежности, во зависност од големината и изградените капацитети и моќта да генерираат сопствени приходи, или со поделба на надлежностите на задолжителни и изборни“. Ова е веројатно територијалната реорганизација по урнек на Швајцарското кантонално уредување што го ветуваше Заев, изјави Трајко Вељановски од ВМРО ДПМНЕ.
Идејата за федерализација на Македонија беше подржана и од медиумите блиски до СДСМ, а доскорешниот прв човек на СОРОС Владимир Милчин беше одликуван „за заслуги за унапредување на Албанците“ од косовскиот претседател Хашим Тачи.