50 повредени специјалци – Крвав хаос во Украина – фрлена бомб пред парламентот (ЖИВО/ВИДЕО)


Експлозија одекна пред зградата на Парламентот на Украина, каде што има судири меѓу силите на редот и противниците на уставните реформи, кои денеска беа усвоени при првото читање, пренесува ТАСС.Како што соопштија локалните медиуми над 50 полицајци се повредени откако моќна експлозија одекна околу зградата на украинскиот парламент. Според зборовите на пратеникот Антон Герашенко неколку војници од Националната гарда на Украина се тешко повредени и нивниот живот е во опасностukraina protest parlament policija

– Експлодираше граната. Повредени се околу 30 лица, од кои 15 членови на силите на редот; меѓу 5 и 7 полицајци се во тешка состојба, напиша на Фејсбук Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина. Mедиумите пак јавуваат за над 50 повредени специјалци од кои дел се борат за живот,

Судирите пред парламентот продолжуваат и демонстрантите ги гаѓаат полицајците со камења и шишиња и скандираат „импичмент”. Околу зградата се издига црн чад. Во демонстрациите учествуваат околу 3.000 демонстранти.

Органите на редот во Украина подготвуваат офанзива против радикалните провокатори, кои се наоѓаат во близина на зградата на Врховната Рада, соопшти телевизискиот канал „112 Украина“, цитиран од „Риа Новости“.

ukraina protest policija

Украинскиот парламент денеска, на прво читање го усвои предлогот уставни реформи со кои се дава поголема автономија на источните територии во земјата. Предлог, за кој се залагаа западните држави.

Предлогот беше поддржан од 265 пратеници, а минимум беа потребни 226 гласа. Против гласаа 87 парламентарци. Седницата беше бурна, проследена со протести пред зградата на парламентот, кои подоцна преминаа во судири.

Со предлогот се дава поголемо овластување на локалните и обласните совети, посебно на оние кои се наоѓаат во зоната контролирана од проруските сепаратисти. Со измените се дозволува и создавање на така наречена „народна милиција“. демонстрантите стравуваат дека со ваквите измени и де факто ќе биде дадена украинската територија под руска контрола.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1