СДСМ влезе во Собранието – Што се очекува


По година и половина бојкот, СДСМ влезе во собранието. Претседателот на законодавниот дом, Трајко Вељаноски порача дека тоа е местото каде што се решаваат проблемите со кои се соочува земјава. „Имаме обврска пред народот како политичари да си подадеме рака на единство“, изјави тој. Sobranie

ратеничката група на опозицијата утре се враќа во Собранието, како што е предвидено со договорите од 2 јуни и 15 јули за решавање на политичката криза во земјата. Опозицијата, која е составена од неколку партии, според најавите, ќе дејствува како една пратеничка група, пред се поради точно одредената агенда до изборите – спроведувањето на политичкиот договор. Ќе ја предводи пратеникот Горан Сугарески. Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, ќе биде претседател на Анкетната комисија за прислушувањето, а Рената Дескоска потпретседателка на Собраниетo. Хари Локвенец ќе раководи со комисијата за контрола на УБК и Агенцијата за разузнавање, а Горан Мисовски од НСДП е предлог за Комисијата за надзор на спроведување на следењето на комуникациите. Опозицијата ќе има претседатели уште на три комисии – Марјанчо Николовски за финансии, Панче Орцев за земјоделство и Јагода Шахпаска за здравство.

Начинот на кој ќе се спроведува договореното од Пржино е исклучително важно за ДУИ, бидејќи според партијата на Ахмети, отстапките може да рефлектираат други пробелми.

Денешниот настан во Собранието го проследија неколку амбасадори на земји-членки на Европската унија, како и американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли. Претставникот од Велика Британија, амбасадорот Чарлс Гарет посочи дека утре е важен ден за демократијата на Македонија.

Опозицијата лани освои 34 пратенички места, но три нивни пратенички, Солза Грчева и Љубица Буралиева од СДСМ, како и Роза Топузовска Каревска од ЛДП, не ја почитуваа одлуката за бојкот и останаа во Собранието, заради што беа исклучени од своите матични политички партии.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1