500.000 евра се дадоа за реклами, а колку е безбеден сообраќајот во земјава?


Во септември 2014 Владата издвои неверојатни 500 илјади евра за реклами во кампањата за подигнување на свесноста на граѓаните за безбедноста во сообраќајот кои пари беа наменети за предавања во училиштата, едукативни спотови на телевизиите и радијата, интернет реклами, како и летоци и билборди.policija soobrakjajna kontrola mk

Кампањата која беше започната ги имаше за цел – потребата за подигнување на јавната свест, укажување на значителната бројка на жртви и повредени во сообраќајни незгоди, како и потребата од превенирање и укажување на последиците од несaкани незгоди во сообраќајот.Со почитувањето на правилата се почитува и животот.

Податоците покажуваат дека во светски рамки бројот на жртви изнесува околу еден милион и триста илјади жртви годишно, или како секој ден да паѓаат по десет авиони Џамбо џет со триста патници.

За жал податоците покажуваат дека на патиштата во Република Македонија секој втор ден згаснува по еден живот.

Сообраќајни незгоди кои што се случија изминатата недела уште еднаш го потврдија фактот дека за жал токму пешаците и младите возачи се најризични и најзагрозени учесници во сообраќајот на патиштата

Оваа состојба може и мора да се надмине! Зависи од секој од нас, од секој член на нашето општество, од секој возач на автомобил, на велосипед, на мотор, од секој пешак и од секој учесник во сообраќајот. Невниманието е немилосрдно, може да наштети на секого

Faktor.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1