На Шара има животински свет што го нема никаде – мора да се заштити и стане национален парк


Растителниот и животински свет што сега го има на Шар Планина во Европа го нема веќе со векови. Затоа е потребно да се заштити ова пририодно богатсво во форма на прогласување национален парк. Вакви се ставовите на германскиот експерт за животна средина Тиз Герц. Германскиот експерт учествуваше на најновата трибина посветена на прогласувањето на Шар планина за национален паркsar planina

– Шар Планина е планина со извонредна убавина и природни вредности. Имате голем шумски појас, воопшто големи шумски пространства. Ја имате кафеавата мечка, волкот и рисот кој е веќе загрозен вид тука на Балканот. Тоа се животни кои се исчезнати во централна Европа веќе со векови. Ова е едно од последните природни планински предели во југоисточна Европа.

Стручната јавност во Македонија вели  дека постојано се промовира идејата за прогласување на планината за национален парк поради заканите за опстанокот на големиот број уникатни растенија и животни

– Се мисли наназад 20 години дека прогласување на Шар Планина за национален парк би придонело за намалување или отсранување на ваквите закании за чувување на живиот свет во оригинална форма.

Се смета дека на Шар Планина постојат 1.500 видови растенија од кои 150 ендемски. Со прогласувањето на Шара, Македонија ќе добие уште еден, четврти национален парк.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1