Свадба: По 12 години Агрон Буџаку и Мери Николова ја крунисаа својата врска


Во сабота вечерта своето „да“ го кажаа амбасадорот на РМ во Франција, Агрон Буџаку, и Мери Николова. Освен што се славеше љубовта, се прослави и роденденот на нивната деветгодишна ќерка. Николова и Буџаку имаат и шестгодишен син, Марк.agron meri

Чинот се случи во еден скопски локал, а сведоци беа Каролина Калеовска, долгогодишна пријателка на Мери и Фисник Саричи, сведок од страната на Буџаку.

Николова вели дека нивната 12 и пол годишна врска ги победила сите предрасуди и табуа.agron meri2

– Минав низ многу непријатни ситуации и моменти, но останав верна на своето срце и така ја сочував љубовта. Така е кога ќе наидеш на сродна душа, како што за мене е Агрон кој ме оплемени со својата смиреност, стабилност, џентлменство, особини што сите овие години беа светилници кои ми даваа сила, вели Николова.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1