500 евра казна и ќе ви ја земат колата, ако го направите ова


Доколку ја скршите наплатната рампа на патарина, полицијата трајно ќе ви го конфискува возилото. Покрај одземањето на возилото, ќе платите и глоба во износ од 500 евра. Оваа новина доаѓа со измените на Законот за јавни патишта. Доказ против вас ќе бидат снимките од камерите на патарините.policija soobrakjajna

На барање на руралните средини со измените на Законот се овозможува заштитниот појас покрај регионалните и магистралните патишта да не биде помалку од пет метри, наместо досегашните 20. Со оваа одредба, појасни Јанакиески, ќе овозможиме да се легализираат определен број објекти и да се урбанизираат определени подрачја.

Попрецизно се регулира и одобрувањето и поставувањето натписи, реклами, табли и инсталации во заштитниот појас на државните патишта, како и заштитни огради и столбчиња на патиштата во општините и Град Скопје.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1