52 заболени од коронавирус изминативе 24 часа


52 новозаболени од коронавирус и четири жртви во последното днеоноќие во Македонија. Двајца починати се од Скопје, еден е од Тетово и една жртва е од Велес.

Blood sample with respiratory coronavirus positive

Двајца од заболените се во рамките на скринингот на градинките. Најголем број од новооткриените случаи повторно се во Скопје – 26, а поголем дел од нив се од општините газио Баба, Чаир, Сарај и Студеничани. Во Тетово се откриени 9 нови случаи, 6 во Куманово, седуммина новозаболени има во Штип , двајца во Струга и по еден во Велес и Кочани.

Во моментов има 487 активни случаи на заболени од коронавирус во Македонија. Во последните 24 часа, направени се 661 тест а 124 се во рамките на скринингот. Тоа значи дека од 537 тестови според алгоритамот има 50 заболени или нешто под 10 отсто.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1