53 новозаболени од корона вирусот, вкупно 483, евидентирани петмина починати


Во изминатото деноноќие евидентирани се 53 нови случаи на корона вирусот, со што вкупната бројка достигна 483 заболени.

Министерството за здравство, по штотуку добиената информација од Институтот за јавно здравје, информира дека во денешната статистика во делот кој се однесува на дистрибуција на заболени од Ковид-19 по градови, од денеска 5 потврдени случаи во Штип, по завршување на епидемиолошката анкета, 2 лица се од Радовиш, а истите се тестирани преку ЦЈЗ Штип.

Согласно ова, од потврдени 53 нови случаи дистрибуцијата по градови денеска е следна: Скопје -13, Куманово -8, Штип -3, Радовиш- 2, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Скопје – 221

Куманово -93

Дебар – 49

Штип-18

Радовиш – 2

Прилеп –24

Тетово – 17

Струга – 23

Велес – 9

Битола – 4

Охрид – 3

Кавадарци –2

Гостивар – 4

Гевглелија – 4

Струмица – 1

Крива Паланка- 2

Кочани – 7

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1