Возилото во кое загинаа петте момчиња кај Батајница, се движело со брзина од 220 километри на час, пишува Блиц. Неофицијално, оделе на роденден.
Момчињата се на возраст од 19 години, а несреќата се случила изутрината кај новата батајничка клучка која е во изградба, кога автомобилот удрил во надвозникот. Како што пренесе РТС, момчињата загинале на лице место во автомобил марка ,,Ауди,,. Сите деца се од Белград.
Несреќата се случила околу 3.25 часот на заобиколницата на автопатот Белград-Нови Сад, кога возилото со кое патувале петмината тинејџери удрило во столб од надвозникот во изградба, пренесе Танјуг.
Момчињата се движеле во делот од патот кој е во изградба и на место каде е подигнат, што веројатно е причина за несреќата.
видео: Telegraf.rs