ВИДЕО: Ги заклал жената и 2те деца и заминал да гледал фудбал на раат


Италијанец ја шокираше светската јавност. Карло Лизи (31),ги заклал жената и двете деца во близина на Милано, па заминал да гледа фудбал во паб во близина на нивниот дом.

Тој ги закла сопругата Кристина (38) и нивните две ќерки на возраст од 5 години и 20 месеци.

ubistvoitalija-Децата ги убил на спиење. Сопругата ја убил со нож додека гледала телевизија. Потоа отишол кон пабот, а по пат го фрлил ножот со кој се извршени убиствата, велат од полицијата.

Неверојатно, но кога се вратил дома се јавил во полиција и пријавил дека некој му го убил семејството, глумејќи дека е во шок.

При испрашувањето во полициската станица, тој признал дека самиот ги извршил грозоморните убиства, затоа што е вљубен во друга жена.

Додал дека мислел оти тоа што гледал натпревар во бар ќе му послужи како алиби за овој чин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1