5то извлекување на Фискална во рака, награда без мака – еве кои се наградите сега


Петтото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ е се одржи на 28-ми април. Заинтересираните учесници адресираните коверти со фискални сметки и лини податоци може да ги испратат по Пошта или да ги остават на специјално одредените пунктови на Државна лотарија на Македонијакоја.

fiskal-300x200Еден од пунктовите е во зградата на МРТ, потоа на улица Македонија пред продажното место Толлакс и МПМ Пресс кон Плоштадот Македонија.

Во Куманово денеска ќе има специјален пункт пред продажнот место Кеопс во Велес пред Лото 77,  утре во Штип пред продажно место Тутун Пром,  во Кочани, пред продажно место Анафил и во Струмица пред продажно место Ваткос.

Во ова 5. коло на наградната игра ќе се извлекува еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1.000 денари.

Извлекувањето ќе се реализира во живо на 28 април на Македонска Радио Телевизија, од 20:00 часот.

Во извлекувањето ќе учествуваат сите коверти испратени за 5. коло со сметки кои се валидни од најран датум 15 ноември  2013 година. Неизвлечените коверти од ова коло како и од второто, третото, а понатаму и од петтото и шестото, се чуваат од страна на Државна лотарија на Македонија како организатор на наградната игра и ќе учествуваат во 7. коло за извлекување на стан и деловен простор.

За учество во наградната игра треба да се испратат 20 фискални сметки, во стандарден бел коверт во кој покрај фискалните сметки треба да има посебен лист на кој ќе бидат наведени податоците на испраќачот име, презиме, адреса и контакт телефон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1