6 часа го делеле Лондон од тотално уништување: Астероидот кој за малку ќе ја променел светската историја


На 30-ти јули 1908-ма година во точно 7:17 минути огромна запалена карпа паднала од небото врз територијата на денешна Русија.

Огромната „карпа“ удрила во тлото и експлодирала со сила илјада пати поголема од атомската бомба фрлена врз Хирошима, била толку силна што се слушнала на илјада километри од местото на ударот.london asteroid

Шумската област од околу 2 илјади километри квадратни веднаш била срамнета со земја, а од силата на потресот луѓето на оддалеченост од 60 километри паѓале на земја, па дури биле и откорнати стеблата од дрвјата на оддалеченост од 50 километри. Сеизмичките бранови два пати ја обиколиле Земјата и биле регистрирани на сите сеизмографи низ светот. Прашината која што се подигнала била распрскана на сите меридијани ширум светот.

Таканаречената „Тунгуска експлозија“ која ја предизвикал астероид (некои шпекулираат дека станува збор за помала комета) долетал длабоко од вселената и ден денес претставува најголем удар на некое небесно тело на површината на нашата планета кој се случил во помодерните времиња.

Само чиста среќа е тоа што овој астероид паднал во ненаселено подрачје, во дивите предели на руска Азија. Само мал обрт на „космичка судбина“ лесно можел да го забрза и дојде до удар во тогаш еден од најголемите градови во светот и еден од најголемите градови на денешницата.

Имено, само шест часа претходно астероидот да паднел на Земјата, неговата траекторија „идеално“ ќе се поклопела со координатите на Лондон, престолнината на Британската империја. Таа година во Лондон живееле над седум милиони луѓе, а меѓу нив биле најбогатите луѓе на светот кои што владееле со повеќе од половина свет. Лондон тогаш во буквална смисла бил како Вашингтон, Москва, Брисел, Пекинг и Токио заедно.

Доколку се случело тоа, астероидот да удрел на Земјата шест часа порано, овој астероид буквално ќе го избришел Лондон од картата на нашата планета.

Според проценките на БиБиСи, со земја би бил срамнет простор од 200 квадратни километри, а бројот на жртвите би се мерел со милиони. Меѓу нив би биле британското кралско семејство, владата, сите службеници, главни светски банкари и огромниот капитал кој бил сконцентриран во Британската престолнина.

Тогаш веројатно глобалната економија ќе пропаднела затоа што најголемата светска сила буквално ќе ја снемало, а последиците од катастрофата на своја кожа ќе ја почуствувале милиони луѓе од сите краеви на светот.

Tocka.com.mk

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1