Македонецот Стефан меѓу уапсените во „Ќелија“ – ја сменил верата и се борел во Сирија


Македонецот Стефан С. е меѓу приведените девет лица во полициската акција “Ќелија” дознава Press24 од извори во истрагата.kelijaaaaaa

 

Според нашиот извор Стефан пред одредено време ја сменил православната вера и преминал во ислам. Информациите велат дека тој во повеќе наврати бил во Сирија и се борел на страната на ИСИС. Во Македонија негова задала била да регрутира нови борци. За да биде поубедлив тој си го сменил и личното име со муслиманско.

Полицијата заедно со Стефан приведе уште осум лица меѓу кои и имам од џамиите Тутунсуз и Јаја Паша. Покрај нив се трага по уште 27 лица од кои за 20 мина се претпоставува дека се уште се на боиштата во Сирија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1