Шестгодишниот Марко е свесен и е во стабилна состојба, но се уште е на интензивна нега, велат од Клиниката за кардиоваскуларна хирургија.
Од клиниката информираат дека вчера на Марко му бил направен оперативен зафат кој минал успешно и детето се освестило.
Според информациите од КАРИЛ, мајката е на интензивна нега во многу лоша состојба и лекарите будно го следат нејзиниот случај.
Трагична семејна драма се случуваше во скопски Хиподром. 37 годишната жена излегла на тераса со детето во рацете и почнала да се заканува.
Во еден момент според кажувањето на еден од соседите, жената го фрлила детето, а жиците за алишта на подолните катови и соседите кои биле сведоци на ужасот притрчале и го ублажиле падот на детето. Тоа со итна медицинска помош било префрлено во Ургентниот центар.Тоа има повреди на главата од падот и ударот во шипките на пониските тераси.
Полицијата и пожарникарите се обидувале да ја отргнат од намерата жената и таа да скокне, велат соседите, а жената цело време извикувала – “ Аце кога ме тепаше никој не ми веруваше, а сакаше да ми го земе и детето“.После половина час и самата скокнала.