6 конгресмени покренаа истрага за вмешаност на Бејли во изборите во Македонија и СОРОС


6-мина американски конгресмени покренаа истрага за вмешаноста на амбасадор Бејли во финансирањето и креирањето на политиката на фондацијата СОРОС, како и одржувањето на изборите и формирањето влада во Македонија.

Откако Бејли не одговорил на нивното писмо со 4 прашања поврзани Фондацијата отворено општество – Македонија, медиумите, граѓанското општество и партиските политики, конгресмените побараа генералниот инспектор да изврши истрага и да им поднесе извештај.1dokument-640x680

„Испративме писмо на 17-ти јануари на амбасадорот Бејли и не добивме одговор. Поминаа две недели иако очекувавме одговор за неколку денови. Многу сме разочари поради тоа. Ова отвора прашање дали пари финансирани од САД отишле или не до СОРОС, што било во голема мера потпомогнато од американскиот амбасадор, кој заземал страна. Кога обезбедуваме обука за граѓанското општество велиме дека не смее да се зазема страна. Јас сум претседавач на комитетот за соработка со ОБСЕ, шеф сум на делегацијата во овие Парламентарни собранија. Ние работиме одлично во оваа група за мониторинг на изборите, да бидеме сигурни дека изборите се слободни и фер, и тоа вклучува пристап кон медиумите. Изгледа дека американската влада финансирала организации коишто заземале страни, во овој случај социјалистите, што апсолутно не е прифатливо. Верувам дека тоа е нелегално и ќе го откриеме до крај’’, изјави конгресменот Кристофер Смит.

Во изјава за МТВ, конгресменот Смит потенцира дека од Бејли бара одговор дали американскиот амбасадор се мешал во одложувањето на изборите во Македонија на два пати, во април и јуни, како и за одржувањето на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември.

САД треба да промовираат демократија, а не да бидат партиски пристрасни и да заземаат страна.

„Американскиот амбасадор не смее да има улога во формирањето влада и да зазема страна при формирањето на коалиција. Тоа не е работа на САД и нејзините претставници во Скопје. Ние група конгресмени поставивме специфични прашања во ова писмо дали имало или не некаква соработка со централно левичарските партии кога изборите треба да се одржат. Не треба да имаме улога во тоа! Треба да зборуваме за слободни и фер избори, еднаков пристап до медиумите, но никако да заземаме страни. Овој амбасадор заземал страни и треба да биде отпуштен! Отпуштен веднаш!’’, изјави Смит.

Смит особено реагира на информациите дека американската амбасада е сериозен финансиер на активностите на невладините организации поврзани со фондацијата на Сорос.

Конгресмените чија работа е контрола на финансирањето на невладините организации и изборните процеси сметаат дека би било деструктивно за меѓусебните односи доколку во Македонија се развие чувството дека САД се мешаат во нејзината внатрешна политика на начин на кој една политичка опција се помага наспроти другата.

„Апсолутно сум против американската влада да зазема страни во изборите и да се обиде да составува влада, и ако е точно, коалиција. Како се осмелува нашиот Амбасадорот, да прави такво нешто, ако го правел тоа! Тој не би смеел да биде дел од тоа’’, потенцира Смит.

За истрагата од Конгресот одговор испратија и од американската амбасада.

,,Ја поздравуваме истрагата од Конгресот и можноста да се обезбедат информации околу нашата активност и контекстот во кој работиме за да ги постигнеме нашите цели. Соработуваме во оваа истрага како што се бара‘‘, се вели во дописот испратен до Сител.

Инаку, со влегувањето на новиот американски претседател во Белата Куќа, сите амбасадори на САД се во оставка. Конгресмените велат дека нема да се откажат од барањето се до повлекување на Бејли. Дали Доналд Трамп и новиот државен секретар Рекс Тилерсон ќе го повлечат амбасадорот Бејли од Македонија поради сите наведени обвинувања ќе се види во следниот период!

Доколку го прекршиле законот, ќе одговараат, изјави конгресменот Смит за Македонската Радио Телевизија.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1