6 осомничени за вчерашниот обид за убиство на браќа во Арачиново


По вчерашниот инцидент во селото Арачиново приведени се тројца учесници во инцидентот (Н.С. 50, Р.С. 45 и Г.С. 42) од село Арачиново, додека по останатите три лица полицијата се уште трага.

Вчеравечер во Арачиново при пукање повредени биле Џ.Б.(30) и Џ.Б.(46) двајцата од селото Арачиново, нивната мајка и уште еден нивен роднина.

policija-alfi-kalasnikovПретходно браќата седеле во ресторанот „Сити“ во Сингелиќ и забележале дека ги следи А.С.(23) од истото село, со кого од претходно биле во кавга.

Браќата со со своето патничко возило „мерцедес“ тргнале кон Арачиново, по што патот им бил попречен од две возила „голф” и „опел зафира” од кои едното било управувано од А.С, а другото веројатно од Б.С.(40) во кои имало повеќе лица. Почнало пукање кон „мерцедесот“,по што конфликтот се преселил пред куќата на браќата во Арачиново. Пред куќата излегле нивни роднини кои со камења фрлале кон возилата од каде што било пукано.

Повредени биле и лицата М.Б.(19), Н.Б.(23), Ф.Б.(28) и Р.Б.(53). Сите повредени се хоспитализирани во Градската болница „Свети Наум Охридски“, а Н.Б. во Клинички центар Скопје. Против приведените и осомничените лица ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „убиство во обид”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1