Дизајнерот Меквин пред самоубиството признал дека е ХИВ позитивен


Британскиот дизајнер Александаер Меквин,пред да се убие во 2010 година, на своите пријатели им признал дека е ХИВ позитивен

Морин Калахан во неговата книга „Шампањ Супернова“ напишала дека Меквин на својот пријател Крис Бирд му рекол за неговиот статус неколку години пред самоубиството.

01092014151323_mekvinВо споменатата книга пишува дека Бирд одговорил со зборовите „Тоа е многу глупаво, зар не?“, а тој само кусо му возвратил – „Да“.

Неговиот ХИВ статус наводно бил една од поважните причини за самоубиството на Меквин, покрај проблемите со дрогата и депресијата, пишува „Пејџ сикс“.

Британскиот моден дизајнер беше пронајден мртов во неговиот стан во Лондон на 11 февруари 2010 година.

Судејќи според неговите пораки на Твитер, Британецот се борел со тешка депресија по смртта на неговата мајка Џојс.

Дури и пораките што ги испраќал пред оваа трагедија навестувале дека имал проблеми.

На 1 февруари напишал:

– Од рај до поекол и назад, животот е забавна работа. Убавината се наоѓа на најчудни места, дури и на најодвратните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1