Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-66, Куманово-13, Штип-13, Прилеп-2, Тетово-20, Струга-7, Битола-1, Охрид-7, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-12.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје-47, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гевгелија-2, Кочани-1, Пробиштип-1.
Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.
Во ГОБ „8 септември“ по прием е починат пациент (53г) од Ресен. Починат е пациент од Скопје (61г), лекуван болнички до 23 јуни. Во болницата во Штип починаа две лица, пациент (80г) хоспитализиран на 5 јуни и пациент (75г) хоспитализиран на 24 јуни.
Во ОБ Охрид почина пациент (68г) години, хоспитализиран на 23 јуни. Денеска институтот евидентира и претходно починат пациент од Тетово (79г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5595, бројката на оздравени пациенти е 2166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3164. Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2730, активни 1800
• Куманово 723, активни 268
• Дебар 83, активни 31
• Штип 290, активни 184
• Прилеп 240, активни 20
• Тетово 603, активни 355
• Струга 389, активни 107
• Велес 171, активни 30
• Битола 44, активни 15
• Охрид 131, активни 107
• Кавадарци 11, активни 5
• Гостивар 91, активни 52
• Гевгелија 10, активни 4 (2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 13, активни 9
• Крива Паланка 13, активни 7
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 63, активни 27
• Пробиштип 14, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 20, активни 18
• Кичево 16, активни 12
• Ресен 85, активни 83
• Неготино 20, активни 9 ( 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1279 теста се преку: ИЈЗ –634, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –105, Биотек –140, МАНУ -109, Жан Митрев (Филип Втори) -164, Судска медицина-5, Систина со PCR метода -109 и ЦЈЗ Битола-13. Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 98 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 2 деца сомнителни на ковид и 11 возрасни позитивни пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 135 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 416
• Аеродром – 141
• Бутел – 136
• Гази Баба – 151
• Центар – 123
• Карпош – 121
• Сарај – 138
• Кисела Вода – 109
• Ѓорче Петров – 88
• Студеничани – 94
• Шуто Оризари – 77
• Арачиново – 51
• Илинден – 32
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 17
• Сопиште – 12
• Зелениково-2
• Странец – 3
• Нераспределен-7