6 работи за храната која ја јадете секој ден кои (НЕ)би требало да ги знаете


Доколку се подготвувате да јадете, а немате силен желудник, прескокнете го текстов, бидејќи храната повеќе нема да ја гледате со исти очи како досега.

hamburgeri1. Просечниот посетител на ресторани за брза храна, годишно јаде по 12 срамни влакна
Повеќе не треба да се грижите дали ќе најдете долго црно влакно од коса во вашиот оброк. Меѓу непоканетите гости, во храната редовно може да се сретнат и срамни влакна. Не размислувајте како тие се нашле таму, само молете се да не се најдат во вашиот оброк.

2. Зошто гумените бомбони имаат убав сјај
Одговорот е во „selak“ природен нуспродукт кои го произведуваат инсектите, а се корсти и како средство за во боите. Во прехрамбената индустрија се додаваат во гумените и желе бомбоните за убав сјај. Инаку „selak“ претставува изметот од тајландските инсекти.

virsli3. Хот дог или чуден начин на преработка на месото
Пред виршлата да го добие оној свој чуден изглед, наликува на лигава розова паста.
Оваа паста се добива со процес кој се нарекува медицинска сепарација, што е брз и евтин начин да од месото се исфрлат остатоците од коски, рскавици и други елементи кои не сакате да ги имате во храната. По завршувањето на процесот храната е преполна со бактерии по што грозната паста се мие со големи количини на амонијак. На крајот се додаваат бројни вештачки засилувачи на вкусот и боја за да повторно истото би наликувало на месо како што и првично било.

4. Салатите во фаст фуд рестораните? Подобро земете антифриз
Освен што не се нискокалорични како што треба да бидат (поради сосовите и адитивите), салатите во рестораните за брза храна содржат и глицерол. Хемискиот елемент кој е составен дел од антифризот, продолжување на рокот на траење и крцкавост, свежина во салатите кои ги набавуваме со желба да изедеме нешто поздраво.

milk sejk4. Шејк од јагоди содржи повеќе од 50 адитиви
Изгледа да вистинските јагоди се многу скапи, па така компаните пронашле поедноставно решение. Имено во шејковите се инфлитираат разни вештачки адитиви кои го имитираат вкусот на вистинскиот плод.

Некои од овие хемикалии како етил ацетат, се користат во градежната и хемиската индустрија, фенетил алкохол кој е честа состојка во етерично масло, но, исто така и кај одредени видови на растворувачи.

6. А би се заколнале дека тоа е сирење
Сите производи кои се продаваат како пастеризовани сирни производи во себе содржат адитиви, хемикалии и засилувачи на вкус, кој содржат 49% од вкупните масти на тој производ. Резултатите од тоа се евтини производи кои одлично го имитираат природното сирење, а во себе содржат 51% од вистинското сирење, доволно да нивните производи се рекламираат како такви. Значи тоа не е сирење туку нешто што наликува на сирење.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1