6 типа на сељачишта


Знаеме дека секој ден се случуваат лоши работи, но постојат и луѓе кои прават лоши работи, без да бидат свесни за тоа. А работата да биде уште полоша, не ни сфаќаат дека изгледаат тотално некултурно.

Jbt1VUl6. Луѓе кои паркираат на места за инвалиди

Оној кој го прави ова е лоша личност. Толку е едноставно! И нема врска дали тоа е последното место во паркингот на трговскиот центар, дали ви се брза, или пак вашиот автомобил ќе остане тука само 5 минути, тоа едноставно не се прави. Местото за инвалиди, е место за ИНВАЛИДИ.

Тоа е навистина страшно, бидејќи луѓето со посебни потреби нема да можат да излезат од кола, да завршат нешто важно или само да си отидат дома.Постои една герилска кампања, за која имаме читано на српски веб портали поврзани со овој проблем, главното мото е:

  • Бидејќи го зема моето место, дали би сакал да го земеш и мојот инвалидитет?

И навистина е така.

5. Напалени

Несреќи се случуваат. Да речеме кога некој случајно ќе го згазнете во градскиот превоз, или нешто слично. А потоа фино ќе се извините, ништо страшно. Но таа личност како да чекала да згрешите нешто, па сиот свој бес поради малата плата, несреќната љубов или лошите комшии ќе го исфрли на вас. Сигурно ви се има случено.

4. Морони зад воланот
Е тоа е посебен вид. Тие заобиколуваат цела колона, додека сите чекаме ред. А ако не ги пуштиме, ќе започнат да се караат и во најлош случај ќе се обидат да направат поголеми проблеми. Истиот овој тип ќе убрза, не дозволувајќи им на другите да го претекнат. Но кога некој него нема да го пушти, е тоа е најлошата работа што може да се случи на светот.

3. Лути службеници
Да, сфаќаме дека има навистина лоши луѓе, и дека не е лесно цел ден да одговараш на едни исти прашања. Но ако немаш нерви за работа позади шалтер или во техничка подршка, подобро почни да се занимаваш со земјоделство.

Па, ако превртуваш очи, работиш бавно, одговараш неучтиво, ви гарантираме дека сте избрале погрешна работа. И не сте добар човек, светот би бил подобро место за живеење без овие луѓе.

2. Преку ред
Од некоја си посебна причина многу луѓе обожаваат ова да го прават.

Го знаете она, вие чекате ред во пошта, и наеднаш некој дебел лик, кој бил зад вас, се наоѓа пред вас. Зошто го прават тоа? Не знаеме, но сигурно овој тип на луѓе би бил високо котиран на Олимпијада за сељаци.

1. Оној кој постојано се жали

Ваков сигурно познавате. Тоа е човекот што постојано кука и се жали. Му сметаат политичари, бизнисмени, пијаници пред продавница, деца, учесници во сообраќајот. Тој се би подредил покрај некој ѕид, и куршум во глава.

Но ако малку подразмислиме, тој вози како кретен, а на другите ги одзема дозволите, тој не работи ништо, а му пречи мрзливоста..сфативте, тоа се овој тип на луѓе.

think.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1