60 илјади евра за навреда?!


Еден 68 годишен трговец со недвижнини од Германија ќе мора да плати казна од 60 илјади евра бидејќи навредил друг човек за време на кавга за паркинг место, пренесуваат тамошните медиуми.

Весникот Велт наведува дека судот во Хамбург денеска ја изрекол најверојатно највисоката казна до сега за навреда.

Таму стои и дека висината на паричната казна за навреда е донесена врз основа на месечните примања на осомничениот.

Адвокатот на виновникот негирал дека неговиот клиент користел навредливи зборови, додавајќи дека и да ги изговорил ги изговорил „премногу тивко, па никој не можел да ги чуе“.

Осудениот трговец планира да поднесе жалба на пресудата.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1