60 полицајци го пребаруваат потегот од Камник до Смилковското езеро


Триесет и пет луѓе од Посебната единица за поддршка, 55 војници од АРМ, 28 лица од приватна компанија од Гостивар, како и 9 скип машини, машини за утовар, 2 бобкети, 16 камиони и една цитерна за извлекување на кал во моментов се активни во подрачјата со кои раководи министерот за внатрешни работи Митко Чавков.poplavi65

Тој е задолжен за реоните Смилковци, Раштански пат, Црешево и Булачани.

Дополнително 60 лица од Одделот за специјални полициски операции се на терен и вршат претрес на потегот од Камник до Смилковското езеро, а 15 патролираат и на потегот Ченто-Стајковци.

Министерот Чавков вчера од Булачани информираше дека 50 проценти од лицата со кои раководи денес ќе бидат ставени на располагање со потешко погодните подрачја. Истите со себе имаат рачен алат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1