600 гости добија златни покани за свадбата на Хари и Меган


Британскиот принц Хари и неговата свршеничка Меган Маркл поканиле 600 гости на својата венчавка во мај.

Од Кенсингтонската палата соопштија дека сите кои ќе бидат повикани на церемонијата на 19 мај во капелата „Сент Џорџ“ во дворецот Виндзор, домот на кралицата Елизабета, ќе бидат повикани и на ручек.

Вечерта 200 гости ќе присуствуваат на приватниот прием во блиската куќа Фрогмор, чиј домаќин ќе биде принцот Чарлс.

Поканите со златен печат ќе бидат пратени оваа недела. На поканите го пишува и дрес кодот, кој подразбира униформа, фрак или одело со шапка.

Поканите се печатени со машина од 30-тите години на минатиот век.

– Уникатните златни прстени со велшкиот знак на змеј ќе ги направи златарот Вартски во работилницата во Лондон – изјави Бен Робертс, директор на брендот „Клого“, кој повеќе од еден век обезбедува злато за кралското семејство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1