600 илјади згради може да се урнат во Истанбул при силен земјотрес


Околу 600 илјади згради може да се урнат во Истанбул во случај на голем земјотрес за што научници одамна предупредуваат дека се очекува во тој реон, објави весникот Хуриет дејли њуз. Тоа го изјави министерот за животна средина Мехмет Јозхасеки.

Министерот додаде дека научниците прогнозираат во Истанбул голем земјотрес во следните 15 до 30 години и бараа преземање превентивни мерки за ограничување на евентуални последици.

– Преземени се секакви мерки, подготвивме инфраструктура и јасни ни се проблемите, изјави министерот.

Според него, има околу 600 илјади објекти каде постои ризик да се урнат при евентуален силен земјотрес.

Шефот на истанбулската опсерваторија Кандили, Халјук Јозенер изјави минатиот месец дека во блиска иднина се очекува во реонот на Мраморното Море потрес со интензитет од над 7 по Рихтеровата скала

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1