600 патници на заразени од опасен вирус на крузерот “Еxplorer of the sea”


Крстарењето по Карибите за повеќето луѓе е патување од соништата, но за над 600 патници, од вкупно 3050, колку што биле на крузерот „Еxplorer of the sea“, тоа се претворило во вистински ноќен кошмар.
kruzer brodПри разгледувањето на американските Девствени острови на ексклузивниот брод се раширила епидемија на вирус поради кој патниците, но и членовите на екипажот со денови повраќале и се мачеле со тешки болки во стомакот и дијареја. За работата да биде уште пострашна, не можеле да добијат ни парче леб бидејќи вработените на пловилото добиле задача да ја тргнат целата храна и да ги дезинфицираат просториите.
„Повраќавме и се грчевме од болка. Страшно беше! Насекаде имаше болни луѓе, а никој не можеше да ни помогне. Ова е најнеорганизираното патување на кое сум бил во животот, а имам 80 години“, изјавил еден од патниците, откако бродот вонредно се закотвил во пристаништето на градот Сан Хуан во Порторико, каде на луѓето им била пружена прва помош.
Кога заразата почнала да се шири, никој не можел да каже за што точно станува збор, па на бродот завладеала паника. По првите испитувања во американскиот Центар за контрола на болести соопштено е дека 564 патници и 47 членови на екипажот најверојатно се заразени со норо вирус кој предизвикува инфекција на дигестивниот тракт. Се уште не е јасно како дошло до негово ширење, но се претпоставува дека станува збор за опасен микроорганизам, кој може да предизвика сериозни последици ако не се лекува на време.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1