64% од невработените млади потпишале бланко отказ само да дојдат до работа


Загрижувачка сосотојба со работничките права кај младите. Речиси две третини од младите вработени заедно со договорот за работа си потпишале и бланко отказ. 75% немаат доверба во системот. Сметаат дека законите постојат само на хартија и не ги штитат од неправилности. Затоа и не пријавуваат – дури 57% се плашат да пријават дека им се прекршени правата.

Четвртина од младите би се согласиле да работат на црно, 10% од вработените не се пријавени, 10% од нив не знаат што потпишале затоа што не го прочитале договорот за работа.

Државата мора да најде начин ваквата состојба да се смени, во спротивно ќе остане без млада работна сила.

Ништо подобра не е состојбата со правата на останатите вработени. Истражувањето за сивата економија покажува дека 44% од вработените само дел од платата ја земаат на сметка, остатокот во плико. Секој десетти е непријавен, а секој петти се согласува да работи непријавен само за да зема повеќе кеш.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1