69 години слободно Скопје – градот го празнува 13 ноември


Пред точно 69 години на крајот на Втората светска војна, борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија и 16-та Македонска бригада го ослободуваат Скопје од фашистичката окупација. Скоро 70 години подоцна, денешно Скопје со нов лик и нови генерации се сеќава и ги празнува најзаслужните за долгогодишната слобода.

13 noemvriНа 13 ноември пред 69 години борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од окупацијата. По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та гренадирска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада Ангермилер” која беше распоредена пред Качаничката клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

Денес, по повод Денот на ослободувањето, 13 Ноември, градот Скопје со низа настани во текот на целиот ден ќе го одбележи празникот.

Најпрво градоначалникот Коце Трајановски ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија. Потоа делегација на Град Скопје ќе положи цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на Градските гробишта Бутел”.

Во 11:30 часот, пред Споменикот на ослободителите на Скопје, пред Владата, високи државни делегации, борците од НОВ, претставници од Армијата на Република Македонија, претставници на општините на Град Скопје, членови на други институции, како и официјалната делегација од Град Скопје ќе положат цвеќиња.

Cento-govorОд 10 до 18 часот пак во Центарот за дарување крв во Даре Џамбаз” во Скопје ќе се одржи традиционална крводарителска акција. Во знак на благодарност и поттик за понатамошна активност, Црвениот крст на Скопје ќе им додели награди и признанија на најуспешни поединци, фирми и институции кои покажале најдобри резултати во крводарување, унапредување и промоција на крводарителството во главниот град.

Како дел од активностите, познати писатели, пејачи, спортисти, политичари, актери ќе сликаат дела кои ќе бидат презентирани на повеќе изложби во Скопје и низ Македонија под заеднички наслов Познатите сликаат”. Своите авторски дела тие ќе ги создаваат од 10 до 12 часот во Културниот центар Феникс” кај Универзална сала, каде што трајно ќе биде отворена Галерија на познатите.

По повод одбележувањето на 69-годишнината од ослободувањето на Скопје, изминатите денови се одржаа повеќе спортски настани, меѓународен шаховски турнир на слепи и лица со оштетен вид, се одржаа финални борби и доделување на Златен гонг, 17. традиционален шаховски турнир на пензионерите на Град Скопје, ноќна атлетска трка Низ улиците на Скопје”, турнир во мал фудбал на Јавните претпријатија на Град Скопје, меѓународен кугларски турнир Скопје опен 2013″…

Во Музејот на Град Скопје утре ќе се одржи манифестацијата АСК – Архитектура Скопје, а на 20 ноември во библиотеката Другарче” ќе бидат изложени детски цртежи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1