7 бугарски војници и генерал, без дозвола од Македонија, поставиле спомен плоча на наша територија на Кајмакчалан


Нова провокација од официјална Софија. Седумина припадници на бугарската армија предводени од генерал на своја рака, без дозвола од Македонија, во мај годинава поставиле спомен плоча на македонска територија на врвот Кајмакчалан. Плочата е посветена на бугарските војници кои во првата светска војна загинале на ова место.bugari

Бугарскиот министер за одбрана Николај Нанчев, во петокот одговарајќи на пратеничко прашање во бугарското собрание порача дека не само што нема да ги казни војниците кои самоиницијативно, незаконски, поставиле споменик на територија на Република Македонија туку ќе ги награди и ќе положи цвеќе на незаконската плоча.

– Вие ме прашувате каков е мојот однос? Исклучително позитивен господине Бојчев. Не само што нема да ги казнам војниците кои го извршиле тој благороден чин, туку и ќе ги наградам. Само за неколку дена ние ќе бидеме таму на Кајмакчалан за да одбележиме и да се присетиме на достојните бугарски војници кои го направија невозможното за да ја заштитат честа на Бугарија. – му одговори Нанчев на пратеникот Жељо Бојчев од Бугарската Социјалистичка Партија.bugari-ploca

Според законот за споменици и спомен обележја во Македонија може да се постави ваква плоча само со одобрение на Парламентот или на Советите на Општините. Собранието нема одобрено одлука за поставување, а од општина Новаци која е надлежна за Кајмакчалан, велат дека не се запознаени со случајот.

На Кајмакчалан, од 12-ти до 30-ти септември 1916та година се водела тешка битка помеѓу Српските и Бугарските трупи. Битката во многу што била пресудна во првата светска војна, а на двете страни загинале околу 10.000 војници. Голем дел од загинатите биле Македонци регрутирани од двете страни.

Во петокот Српска делегација предводена од претседателот Томислав Николиќ на Кајмакчалан прославуваше 100 годишнина од битката. За разлика од Бугарија која без дозвола поставува плоча, српските власти побараа дозвола од македонските за да ја чествуваат годишнината на македонска територија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1