Има ли свест во Македонија да се дели автомобилот со комшиите?


Споделете возило, намалете ги трошоците, загадувањето и метежот. Градските власти стартуваа програма која ќе ги поттикне и мотивира жителите на Скопје наместо сами да се возат со своите роднини, пријатели или соседи. Станува збор за проект кој има цел да ја крене свеста кај граѓаните за заедничко патување.kola palenje mk

-Ова е начин на транспорт од една до друга локација, преку споделување на нашето возило со нашиот сосед, колега или луѓето од истата населба, односно организирано патување во исто време.

Со проектот Скопје влегува во друштвото на 25 европски градови која ја имплементираат оваа превозна алтернатива.

-Младите луѓе лесно го прифаќаат ова и лесно би прифатиле од точка А до точка Б да споделат возило со некој кој го знаат или не го знаат.

Тие кои се најмногу засегнати, односно граѓаните сметаат дека проектот може да даде добри резултати.

Дел од жителите се скептични додека дел веруваат дека ќе успее. Во секој случај сите сметаат дека овој проект би можел значително да ја намали загаденоста и метежот во градот.

Презентацијата на проектот „Сподели возило“ е дел од активностите на Градот за Европската недела на мобилност.

Сител.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1