7 деца со Хепатит А – заразени од селската чешма во радовишко


Седум деца од радовишкото село „Бучим“ се заболени од жолтица тип А и се хоспитализирани на Инфективното Одделение во Клиничка болница-Штип. Директорот на Центарот за јавно здравје, изјави дека на почетокот на октомври се регистрирани три случаи, а во моментов се пријавени четири деца со хепатит А.

Тој посочи дека извор на заразата е селската чешма, чија вода се испитува. Локалниот водовод од кој пие вода населението го испитуваме еднаш месечно и е исправна, рече Грков.

Претседателот на месната заедница на село „Бучим“, Имер Османов изјави дека од жолтицата тип А се заболени 15 деца на возраст од 5 до 15 години.

– Едно од децата оди и на училиште, родителите не го пуштаат да се лекува во болницата во Штип, по се изгледа немаат можност да го испратат, бидејќи претходно помалиот син исто така лежеше во болницата во Штип, посочи Османов.

Тој ги повика лекарите, но и други надлежни институции да дојдат во радовишкото село „Бучим“, со цел на родителите да им објаснат за каков тип на заболување станува збор и да ги советуваат за лекувањето на децата, а со цел да не се прошири жолтицата од типот А. Во радовишкото село „Бучим“ живее турско население, кои се нарекуваат јуруци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1