Анорексија е пореметување кое до неодамна беше карактеристично за тинејџерите, особено за девојчињата иако не ги исклучува машките. Но еде настан во светот го смени фокусот и покажа дека уште во градинка децата можат да заболат од анорексија.
Мајката на девојчето Софи кај кое е дијагностицирана анорексија, а која инаку е универзитетски професор и несака да го открие својот вистински идентитет вели :
„Таа беше слаба но не изгледаше како скелет. Се жалеше дека има вртоглавици, осетлива кожа, а подоцна дознавме и дека храната во училиште ја повраќала.
Потоа се сеќавам една вечер пред спиење ми рече; Мамо имам проблем, постојано сум гладна, но не можам да јадам еден глас во главата ми кажува да не јадам“
На систематскиот преглед во прво одделениe кај Софи е забележано дека цела година не се поправила ниту грам.
Анорексијата е хронично пореметување на мозокот за кое не се познати причините. Многу е ретко ова пореметување кај мали деца, но бројот на хоспитализирани деца заболени од анорексија во последно време е во пораст.
Истражувањата покажуваат дека од 56 до 70% од заболените имале некој член на семејството кој во минатотот се соочувал со овој проблем, што упатува на фактот дека анорексијата е наследна.
Софи е посвоена, па така неможе да се заклучи дали кај неа влијаел наследниот фактор.
Мајката вели дека се започнало кога наставничката на класот на Софи им рекла на децата дека мораат да се хранат здраво „а она е детенце кое се сфаќа буквално и е голем перфекционист.“
Причините за анорексија не можеме да ги бараме во медиумите ниту кај родителите. Вакви случаеви се забележани и кај деца кои живеат на фарма, дома се образоваат и немаат контакт со медиуми. Оваа пореметување и да сака некој да го предизвика не може.
Значи нема виновник кого директно може да се обвини.
Психолозите велат дека разликата помеѓу децата и тинејџерите кои патат од оваа болест е во тоа што тинејџерите знаат зошто го прават. Тие не сакаат да јадат за да не се здебелат, но децата незнаат зошто одбиваат храна, дете од 10 години неможе да осмисли план за исхрана.
„Клучен дел од лекувањето е да се вратат килограмите. Неухранетоста влијае врз секој орган, дури и врз мозокот“ велат психолозите.
„Семејството не е дел од причината за проблемот, но е дел од решението на проблемот. Детето никако несмее да се остави во таква состојба веднаш мора да се побара и психолошка помош. Исклучително е важно рано да се дијагностицира болеста“
Факултети