Ајкулата на Нов Зеланд убила познат режисер (Видео)


Ајкулата на Нов Зеланд го усмртила режисерот Адам Стрејнџ, добитник на „Кристална мечка“ на Берлиналето во 2009 година

napadajkulaЧовекот, кој вчера загина во нападот на ајкула во Нов Зеланд, е режисерот Адам Стрејнџ, кој во 2009 година на филмскиот фестивал во Берлин ја освои „Кристалната мечка“ за најдобар кусометражен филм, соопшти ДПА.

Стрејнџ бил нападнат додека пливал крај популарната плажа Муриуаи, западно од Оукланд.

На сајтот на новозеландскиот режисер се посочува дека неговиот филм „Фармата на Афродита“ ја освои „Кристалната мечка“ за најдобар кусометражен филм на Берлиналето во 2009 година.

Се претпоставува дека Стрејнџ бил нападнат од голема бела ајкула.

Полицијата, повикана од случајни сведоци, пукала по ајкулата додека го напаѓала безживотното тело, но таа, сепак, исчезнала во морските длабочини.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1