7 години бил вљубен и се допишувал со жена – а бил лажен профил на интернет


Младиот Захари од Канада лудо се вљубил во убавата манекенка Бејли Мелиса Ричардсон и 7 години бил жртва на огромна измама. Зад фотографиите на Мелиса се криела Сабрина, 44 годишна мајка на две деца која Зак никогаш не ја видел.

prevaren-1370876472-323565 Захари ја запознал Мелиса преку страната Hot or Not. Почнале да си праќаат мејлови, потоа да се слушаат по телефон. Таа се вљубила во него веднаш, а тој вели – во нејзиниот глас. И стас секако, бидејќи Мелиса, барем на сликите што му ги праќала,  била презгодна манекенка.

И така 7 години. Секогаш кога Зак ќе посакал да ја види таа имала различни изговори – дека е болна од рак, татко и не се согласува со нивната врска, потоа оздравела па пак се разболела од рак, следниот пат – мајка и ги скршила двете нозе, а потоа татко и починал.

zena lazna

За да ја докаже својата љубов Зак го истетовирал ликот на Мелиса на својата рака, а таа неговиот знак на својот грб!Седум години Захари се будел со гласот на Мелиса и зборувал со неа пред да го заврши денот – секој ден зборувале по 6 часа на телефон, а никако да се видат.

Се додека еден ден ова момче не се сетило да ја побара манекенката Мелиса на Ју Тјуб каде ја нашол – но гласот не бил истиот!

Зак верува дека зад идентитетот на Мелиса се криела друга жена, 45 годишна мајка на 2 деца. Најчудно од се е што во целата измама таа  навистина се спријателила со манекенката Мелиса и ја наговорила да стави привремена тетоважа од знакот на Зак на својот грб, којзнае со какво објаснување пред Мелиса, а само за да може да му прати слика на Зак.

Погледнете повеќе од оваа неверојатна приказна во видеото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1