7 годишно момче – првоодделенец од Нови Сад, ученик во прво одделение во основното училиште „Бранко Радиќевиќ“, починало додека било на училиште за време на час по физичко.
Како што неофицијално дознава српски Курир, детето на часот по физичко, одеднаш паднало и не давало знаци на живот. Учителката се обидела да го реанимира, веднаш пристигнала и Итната помош, која детето го пренела во Детската болница.
Меѓутоа, лекарите таму не можеле ништо да сторат освен да констатираат смрт. Телото на детето е пренесено на обдукција, по што ќе се знаат причините за смртта.