7 и пол години затвор за возачот за сообраќајката во која загина 17 годишната Јелена


Седум години и шест месеци затвор изрече доби возачот на автомобилот од тешката сообраќајка во која загина 17-годишната Јелена Филиповиќ од Куманово.

-Предметот за Јелена Филиповиќ на кое рочиште беше јавно објавена пресудата со која судот обвинетиот го огласи за виновен и му определи казна ефективен затвор во траење од 7 години и 6 месеци. Воедно судот му изрече и забрана за управување со моторно возило во траење од 5 години. По предлог на јавниот обвинител, судот донесе решение за замена на мерката куќен притвор со затворски притвор, информираа денеска од Коалицијата „Сите за правично судење“.
Несреќата се случила лани во јануари кога возачот имал 20 години, додека загинатата Јелена била само неколку дена пред полнолетство. Со автомобилот се возеле обвинетиот возач, Јелена и уште едно девојче, кои се враќалe кон Куманово, кога излетале од патот во близина на Миладиновци.

Загинатата девојка беше дел од кампањата „Спаси нечиј живот“, а билборд со нејзина фотографија и порака „Возев пијан и дрогиран… ја убив Јелена“ го имаше на повеќе места во родното Куманово, но и во Скопје.

Трагедијата имаше и продолжение кога таткото на Јелена беше приведен под сомнение дека барал платен убиец за ликвидација на луѓето кои ги смета за одговорни за смртта на Јелена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1