70 фирми не ги почитувале препораките за загадувањето – добија казни


zagaduvanje1Инспекторите на Државниот инспекторат за труд им изрекле мерка забрана за вршење дејност на над 70 субјекти што работат во надворешни услови, а кои не ги почитувале препораките поради загадувањето работниот процес да го организираат во периодот од 11 до 17 часот, изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, објави МИА.

Министерот прецизира дека во изминативе денови се извршени над 240 инспекциски надзори, пред се кај градежните компании, но и кај останатите фирми кои работат во надворешни услови и додаде дека околу 30 проценти од правните лица не ги почитувале препораките.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1