70 години слободно Скопје


Пред Споменикот на ослободителите на градот, делегации од Македонија и од странство положија цвеќиња во чест на денот на ослободувањето на македонската престолнина – 13 Ноември, а градоначалникот на Скопје Коце Трајановски истакна дека „едно од најмаркантните сведоштва за крајот на Втората светска војна во Македонија е фотографијата на народна радост кога генералот Михајло Апостолски на бел коњ влегува во Скопје. Наша обврска е да продолжиме да го чествуваме овој светол ден, и не само поради придобивките од седумте децении слободно Скопје, туку и како потврда за исклучителното значење на еден историски датум длабоко врежан во македонскиот идентитет“.Skopje plostad

„Важноста на овој ден е огромна, бидејќи со тоа Скопје стана општествено-политички центар од голема важност за Македонија. Градот стана центар што се развиваше. Главниот град тогаш и сега не може да се спореди, а развојот е од огромна важност“, вели Чепреганов

Скопје одбележува 70 години од ослободувањето од фашистичкиот окупатор во Втората светска војна, кога борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија и 16-та Македонска бригада ја ослободија македонската престолнина. Одбележувањето на 70-годишниот јубилеј започна со средбата на градоначалникот Трајановски со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народносолободителната антифашистичка војна, а продолжи со полагање цвеќиња пред спомениците на ослободителите, на генерал Михајло Апостолски,  и на паднатите борци во НОВ.

Централната свеченост ќе се одржи вечерва во Македонскиот народен театар, со врачување на највисоката градска награда „13 Ноември“ на годинашните добитници, во чија чест ќе биде одржана музичко- ценската  изведба „Скопје слободно чекори напред“ во режија на Наташа Поплавска, со врвни балетски и  оперски уметници и актери од Македонија, припадници на разните етнички заедници коишто живеат во Скопје.

Програмата за одбележување на Денот на ослободувањето на Скопје содржи над 80 настани, а во неа се вклучија и општините во Градот Скопје, основните и средните училишта и градинки, културни установи и невладиниот сектор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1