7те ученички кои забременија на екскурзија абортирале


Од почит за ученичките и нивните семејства, Бабиќ не сакал веднаш да зборува за случајот, кој е поврзан со недостатокот на едукација на младите за сексуалното образование. Чекал некое време и приказна во јавноста ја објави половина година откако девојките направиле абортуси, кои биле неопходни за заштита на нивното здравје.

Иако звучи неверојатно, тоа навистина се случило. Вестa за девојките, чиј идентитет се крие, и кои доаѓаат од еден мал провинциски град во Босна и Херцеговина, во јавноста ја објави гинекологот и координатор за здравје од Бања Лука, Ненад Бабиќ.ginekolog

“Можете ли да замислите како родителите се чувствувале кога дознале дека нивната ќерка- дете е бремена? И тоа во мало село во кое тоа е срамно. Девојките одат таму и во училиште. Семејствата се обележани за цел живот”, рече Бабиќ за Билд.

Од почит за ученичките и нивните семејства, Бабиќ не сакал веднаш да зборува за случајот, кој е поврзан со недостатокот на едукација на младите за сексуалното образование. Чекал некое време и приказна во јавноста ја објави половина година откако девојките направиле абортуси, кои биле неопходни за заштита на нивното здравје.

“Знаев како светот и јавноста ќе реагираат кога ќе слушнат за овој случај. Па решив приказната да ја кажам на сите медиуми. Неопходно е да се подигне свеста и да се привлече внимание од недостигот од едукација на младите за својата сексуалност. Овие деца едноставно не се правилно информирани. Не ги воспитале ни нивните родители, ниту во училиште “, вели Бабиќ.

Според него, девојките од абортусот и шокот добро се опоравиле и сите им помагаат веднаш да се вратат во нормален живот.

Тие останале бремени откако заминале на петдневна екскурзија и по одредено време било утврдено дека дури седум од затруднеле на екскурзијата, јави Новости.

Недостаток на сексуално образование е многу изразено во Босна и Херцеговина.

Само во Сараево, кое има 300 илјади жители, минатата година пријавени се 31 случај на малолетна бременост.

“Загрижувачки е дека 13-годишните веќе имаат секс. Но, тоа е тренд денес. Не смееме да дозволиме децата да се едуцираат за секс на улица. Н а тоа мора да ги научи училиштето, заклучува Бабиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1