8 год дете загина во пожар обидувајќи се да го спаси семејството


Осумгодишното детенце Тајлер Духан загинало во пожар додека херојски се обидувало да ги разбуди и спаси сите во семејството.

tyler-doohan-1-522x293Според информациите пожарот во приколката настанал околу 5 часот наутро, поради неисправна електрична инсталација. Малото момче се разбудило и видело дека приколката е во пламен, станало и почнало да ги буди останатите.

Успеал да спаси 6 мина меѓу кои неговата баба и 2 деца роднини. Но момчето иако ги извадило нив од приколката се вратило внатре и херојски се обидело да го спаси својот вујко, 54-годишниот Стивен Смит кој бил инвалид.

За жал, момчето не успеало, неговото тело е пронајдено покрај креветот на неговиот вујко, а освен тој и вујкото, во пожарот загинал и дедото на детенцето.

usa-today-grab-1-522x293– Момчето има повеќе храброст од секој кој го познавам. Беше на сигурно но влезе за да го спаси вујкото и дедото. Многу ми е жал за ова што се случи, вели сведок на настанот.

Детенцето е прогласено за херој од жителите на овој дел од градот. Малиот Тајлер не живеел во приколката, но поради неработниот ден за празникот, тој дошол да преспие кај својот дедо кога се случила ужасната трагедија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1