Ликовите на Исус Христос и Богородица можат да се забележат на карпа во клисурата Соходол во југозападна Романија, а тие биле откриени од осумгодишно момче, додека се шетало на тоа место, јавија романските медиуми.
Свештеникот во селото Рунку, Василе Попеску изјави дека тоа може да биде само добар знак.
Локалните жители почнале секојдневно да го посетуваат местото, за да ги видат знаците, кои наликуваат на две икони.
– Оној кој ќе погледне внимателно и кој ја познава иконата Христос Спасителот, може да ја препознае, оној кој не ја познава заминува без ништо да забележи, појасни свештеникот.
Тој не го означи откритието како чудо и посочи дека Бог е насекаде.