8 годишно девојче лечи со допир (Видео)


Осумгодишната Алани со допир лекува неизлечливи болести, на Интернет се појави снимка како малото девојче и помага на жена да оди без патерици и му подава на рака на маж кој има ХИВ, кој потоа од шок паѓа во несвест.

devojce leciТаа „лекува“ во црквата на својот татко, Адаут Сантос во Рио де Женеиро. Сантос тврди дека неговата ќерка само со допир може да излекува рак, артритис и ХИВ. Црквата се наоѓа во еден од бројните сиромашни квартови во брдото над Рио.

Над стотина болни од сите делови на Бразил секојдневно доаѓаат кај Алани, а девојчето вели дека ужива во оваа работа.

Таа и нејзиниот татко не земаат пари за лекувањето, туку работат според принципот кој колку ќе даде.

„Се молам и Бог да направи чудо, вели девојчето кое ја викаат мала мисионерка, а која би сакала да биде лекар кога ќе порасне“.

Нејзиниот татко твди дека неговата ќерка е сосема обично девојче со необичен дар за лекување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1