8 годишно момче загина во Бостон трчало да го гушне татко си кога експлодирала бомбата


Осумгодишното момче Мартин Ричард е една од трите жртви на бомбашките напади на бостонскиот маратон, додека неговата мајка и помалата сестра се тешко повредени и се наоѓаат во болница.

boston444Меѓу повредените има деца кои заедно со родителите го гледале маратонот во близина на целта. Мартин живеел во Дорчестер, предградие на Бостон, каде во понеделникот на целта на маратонската трка што се одржа во овој град експлодираа две бомби. Во нападот загинаа три лица, додека повредени се повеќе од 150 лица, од кои најмалку пет се во критична состојба а на некои од повредените им се откинати екстремитети.

Според Boston Globe, осумгодишното момче настрадало кога истрчало да го гушне својот татко Бил Ричард во моментот кога ја минал целната линија. Ричард, инаку бил општински функционер.

332899_boston_fНајголемиот локален весник наведува дека сестрата на момчето во експлозијата ја изгубила ногата, додека мајката, исто така, е тешко повредена.Третото дете на брачната двојка не е повредено.

„Тие се доста омилени во оваа средина. Ова е невозможно, трагично, несфатливо. Вечерва се
трудиме сите да се тешиме едни со други и да се молиме“, изјавила градскиот одборник Ајана Пресли.

Причините за експлозијата засега не се познати, а на улиците на Бостон владее хаос. Телевизиите во САД јавуваат дека еден дваесетгодишен Саудиец е задржан како „лице од интерес“, но не е официјално осомничен за напад

Makfax

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1