863 лица исчезнале во Македонија за само 6 години


Низа исчезнувања се случија во земјава во изминатиов период. Само од почетокот на месец јануари годинава до 19-ти овој месец пријавени се 98 случаи на исчезнување, а 29 лица се уште не се пронајдени.

Меѓу нив се и петнаесетгодишниот Ренато Џељадини од Куманово и дваесетгодишниот Х.Х. од Тетово од кои се уште нема ниту трага ниту глас. Ренато мистериозно исчезна на 8-ми август годинава од кумановската депонија Краста кај селото Пчиња, додека на својот татко му помагал во собирање шишиња, пренесува Курир.

missing20person1Полицијата ја пребарала депонијата, а потоа со помош на тешка механизација и вработените од депонијата почнале да ја откупуваат земјата која во изминатите денови била наносена врз отпадот, но безуспешно.

Младиот Тетовец  Х.Х. последен пат бил виден како излегува од својот дом околу 20:30 часот и оттогаш му се губи секаква трага.

Најмногу исчезнувања во земјава имало минатата година, односно 160 лица, од кои девет се уште се сметаат за исчезнати.

Од 2008-тa година, па се досега вкупно имало 863 пријави за исчезнати лица, а 92 лица се уште не се пронајдени.

Имено, во 2008-та година имало пријава за 111 исчезнати лица, а 6 се уште не се пронајдени, во 2009- та пријавени за исчезнати биле 84 лица, а од 15 од нив се уште ни трага ни глас. Во 2010- та распишана е централна објава за 127 исчезнати лица, од кои 16 се уште не се пронајдени. Во 2011-та година полицијата трагала 130 лица, од кои 10 се уште се водат како исчезнати, додека пак прелани за исчезнати биле пријавени 153 лица, а по 7 од нив се уште се трага.

Најстариот се уште нерешен случај на исчезнато лице во земјава е од 1982 та година. И по 32 години случајот се уште е отворен.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1