Учениците од трето одделение во едно училиште во Сараево добиле задача да напишат состав на тема “Јас замислувам…”
“Еден ден излегов од дома да прошетам. Сретнав една жена која во количка го возеше своето бебе. Бебето го убив и продолжив да шетам понатаму. Потоа се вратив и ја убив и мајката на детето, да не оставам сведоци. Продолжив мирно да се шетам, па сретнав уште едно бебе. И него го убив. Па уште едно. Сите бебиња ги убив. Потоа дојдов дома и ја здогледав баба ми. Тргнав и неа да ја убијам, но дојдоа моите родители…”, напишало детето.
Во тој момент, се огласило ѕвончето за крај на часот. Ученикот напишал дека не успеал да го заврши составот, и го предал на наставничката. Таа, откако го прочитала составот, својот шок го споделила со колегите, педагозите и родителите на детето. Тие ја советувале да му каже на момчето да го доврши составот.
Во продолжение детето го напишало следното: “Излегов низ прозор за да не ме видат родителите, па ја убив и баба ми. Потоа ги убив и моите родители. На крајот сите ги убив, останав сам на светов”.
Педагозите од училиштето подоцна разговарале со момчето, а тоа рекло дека само се шегува и дека неговата имагинација потекнува од некој цртан филм кој го гледал.
Тоа што ги шокирало сите е фактот дека момчето во својата имагинација оди по улица и убива се’ околу него, а притоа има само 9 години