Мајката Кимберли Смит, засекогаш ќе му биде благодарна на својот деветгодишен син и учителот по здравствена едукација кој го научил на оваа важна лекција – како да ги препознаете симптомите на состојба опасна по живот – бидејќи да не сфател тој самиот што и’ се случува на неговата мајка, таа најверојатно денес не би била жива.
Кога мајка му се разбудила едно утро, на почеток на март, се пожалила на болка во градите, на слабост во екстремитетите и тешкотии при дишење, но иако не се чувствувала добро, немала време да обрне повеќе внимание на себе. Покрај новороденото бебе, старо четири недели и неговото постаро братче (9-годишниот јунак), немала време ниту за сопственото здравје. Мислела дека се првите симптоми на обична настинка па легнала само да се одмори. Но кога нејзиниот 9-годишен син се вратил дома од училиште и ја видел како се држи за градите, автоматски се јавил на 911 и викнал брза помош.
“Мамо, нас на училиште не учеа дека доколку некој дише отежнато и чувствува болка во градите веднаш да викнеме брза помош. Јас ги викнав, сега ќе дојдат и одиме во болница”, и’ соопштил син и’ сериозно и загрижено, а кога стигнала брзата помош тој го подготвил своето малечко братче и заедно отишле сите во болница.
За среќа, мајката стигнала на време. И’ била дијагностицирана пулмонална емболија, а откриле и згрутчување во крвта во двете белодробни крилја, а иако ваквата состојба најчесто е поврзана со генетска предиспозиција, голема е веројатноста дека кај неа дошло до ова за време на царскиот рез пред еден месец.
Мајката буквално одвај преживеала, но за жал, како што честопати се случува во Америка, на наплата и’ пристигнале болничките трошоци и сметки за кои немала пари да ги подмири, па затоа се обратила за помош преку веб-страната GoFundMe кадешто ја опишала целата ситуација.
Кимберли всушност е самохрана мајка и на самата помисла дека би можела да умре и да ги остави децата сирачиња и’ се крши срцето. Најверојатно и на секој родител кој ќе ја прочита оваа приказна и само на секунда си помисли што се’ би можело да се случи доколку нејзиниот син не изреагирал вака.
Сакам да знаете колку е значајно нашите деца да бидат свесни за опасноста од вакви ситуации. Но не само децата, сакам и на вас да ви го раскажам мојот пример за тоа колку може да биде сериозно згрутчувањето на крвта и колку е опасно ако не реагирате на симптомите за кои ви се чини дека се вообичаени.