9 годишно дете спасило 3 годишно од давење!


Деветгодишно дете од Гарстен спасило едно тригодишно дете од давење во базен во овој град во Горна Австрија.

davenje-650x325Деветгодишното дете среде гужвата и вревата на дното не базенот го забележало неподвижното тело на малечкиот. Веднаш ја повикало својата мајка и помогнало малечкото да се извади од водата и да се однесе до спасувачот.

По неколку обиди спасувачот успеал да го оживее, и детето со брза помош е префрлено во болницата Штаер.

Според зборовите на полицијата. Тригодишното дете на базен дошло со својата мајка, нејзиниот партнер (53) и уште две лица со две други деца. Во моментот кога сакале да тргнат кон дома, на парнерот на мајката и му заѕвонил телефонот, па го загубил од вид детето. Тригодишното дете најверојатно сакало уште еднаш да влезе во плиткиот дел од детскиот базен, но се лизнало и паднало во водата длабока еден метар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1